25 Oct Чешката влада им одобри посвојување деца на хомосексуалните парови
Чешката влада одобри план со кој им се дозволува на хомосексуалците и лезбејките кои живеат во регистрирани партнерства да ги посвојуваат децата на своите партнери.
Министерот за човекови права Jiri Dienstbier изјави дека потегот има за цел да ги осигура правата на децата.
Во понеделникот изјави дека се проценува дека и до 1000 деца во оваа земја живеат со биолошките родители од истополови партнерства.
Двата дома на парламентот допрва треба да го усвојат планот. Во 2006 година парламентот усвои закон кој им одобрува на истополовите партнери официјално да ја регистрираат својата заедница и да имаат право на наследување и здравствена заштита слична на онаа во која уживаат хетеросексуалните брачни парови.
Законот, сепак, не дозволува стапување во брак на истополови парови.