25 Jan Новата минстерка за здрвство на Еквадор ќе ги затвори клиниките за „лечење на геј луѓе“
Поставувањето на лезбејски политичар како нов министер за здравство на Еквадор предизвика големи реакции во јавноста, откако таа најави кампања за затворање на религиозните клиники за „лечење лезбејки“.
Еквадорскиот претседател, Рафаел Кореа, го најави назначувањто на Карина Ванс Мафла, која отворено ја соопштува својата хомосексулност, како најнов член на својот кабинет.
Активистката, која е родена во САД, веднаш се нафати за работа со најава дека Министерството за здравство ќе работи заедно Fundacion Causana, група која се залага за правата на лезбејките, и други граѓански организации, за да ги затворат преостанатите религиозни клиники кои ветуваат дека можат да „излечат“ лезбејство.
Венс беше инволвирана во кампањите за еднакви права и претходно работеше како извршен диркетор на Fundacion Causana.
Во минатото таа повикуваше на реформи во здравствениот систем на земјата, особено за затворање на религиозните клиники за „лечење хомосексуалност“, регулација на дистрибуцијата на ХИВ третманот, и ставање крај на дискриминацијата врз ЛГБТ популацијата во здравствениот систем.
Петиција која ја води сајтот Change.org која повикува на затворање на таквите клиники досега собра 113,761 потписи, што се смета за победа во оваа кауза. Слична петиција на Allout.org досега има соберено 64,650 потписи.