MYKKI BLANCO: Сакам лезбача за претседател

MYKKI BLANCO: Сакам лезбача за претседател

“Сакам кандидат кој не е помалото од двете зла”. Овие зборови, пред речиси 25 години ги објави американската уметница и истакната активистка за СИДА Zoe Leonard во нејзината поема Сакам лезбача за претседател. Во 2016, додека ги гледаме Hillary Clinton и, неверојанто, Donald Trump како се борат за контрола над Америка, додека ксенофобични политичари му помогнаа на Обединетото Кралство да ја напушти ЕУ, додека руски бомби паѓаат врз Сирија, поемата – која агресивно ја доведува под прашање баналноста на избраните политичари – останува релевантна и впечатлива повеќе од било кога.

Кој подобро би го прочитал повикот на борба на Leonard од Mykki Blanco, уникaтен уметник кој вистински ја застапува настраноста, кој низ неговата уметност бара нешто различно, нешто ново? За прославата на 25-от роденден на Dazed, ја доведуваме под прашање слободата – кој има пристап до неа, дали се уште постои и ако е така, како се добива? Американскиот Сон е ултимативниот тестамент за лажна идеја за слобода, лажната концепција дека било кој е квалификуван да ја води земјата, “идеалот според кој еднаквоста на можностите му е достапна на секој Американец”. Се уште постојат структури на моќ и предрасуди кои треба да се уништат.

Погледнете го Mykki Blanco како моќно ја рецитира Сакам лезбача за претседател.

“Сакам лезбача за претседател. Сакам личност со СИДА за претседател и сакам педер за заменик претседател и сакам некој без здравствено осигурување и сакам некој кој израснал на место каде земјата е толку затруена со ѓубре што немал избор кога се разболел од леукемија. Сакам претседател кој имал абортус на 16 години и сакам кандидат кој не е помалото од двете зла и сакам претседател кој го загубил својот последен љубовник заради СИДА, кој се уште ги гледа тие слики секогаш кога ќе легне да одмори, кој го држел својот љубовник во прегратка знаејќи дека ќе умре. Сакам претседател кој нема клима-уред, претседател кој чекал во ред на клиника, во Авто-Мото Сојуз, во Центар за социјална заштита, кој е невработен и отпуштен и сексуално малтретиран и малтретиран заради сексуалната ориентација и депортиран. Сакам некој кој ја поминал ноќта на гробишта и имал запален крст на тревникот и преживеал силување. Сакам некој кој бил заљубен и повреден, кој го почитува сексот, кој правел грешки и научил од нив. Сакам црна жена за претседател. Сакам некој со лоши заби и став, некој кој јадел одвратна болничка храна, некој кој се облекува како спротивниот пол и се дрогира и бил на терапија. Сакам некој кој бил граѓански непослушен. И сакам да знам зошто тоа не е возможно. И сакам да знам зошто попатно почнавме да сфаќаме дека претседателот е секогаш кловн. Секогаш клиент, а никогаш курва. Секогаш газда, а никогаш работник. Секогаш лажго, секогаш крадец, а никогаш фатен.”

Извор