05 Oct ФОТО ГАЛЕРИЈА: 7 месеци во најозлогласениот бордел во Бразил
Вила Мимоса е една од најозлогласените области на проституцијата во Бразил. Додека секс туристите масовно ја посетуваат Копакабана, Вила Мимоса повеќе привлекува локална клиентела. Неколку илјади жени работат во ова соседство во северот на Рио де Жанеиро – се проценува дека бројот на жени варира помеѓу 2000 и 3500 – додека областа дневно може да прими 4000 посетители.
Соседството е мрежа од трошни згради, сали за билјард, продавници и бордели маскирани во барови – проституцијата не е нелегална во Бразил, но поседување и водење на бордел е. Зад излозите на продавниците, ќе наидете на илјадници мали, темни, речиси загушливи соби, каде проститутките ги носат клиентите, а истовремено областа е дом на десетици фамилии. Шетајќи наоколу, константно сте соочени со парада од бубачки, газови, дрога, танги, гради, кучиња, жени, мажи и растрчани бебиња во пелени. Сепак, на транс луѓето строго им е забранет влез во ова соседство.
Фотографот Fábio Teixeira помина 7 месеци во и околу Вила Мимоса, обидувајќи се да го долови духот на соседството за VICE Brazil. “Му посведочив на светот на Вила Мимоса од прва рака. Тоа е место на контрасти и екстреми,” вели тој.