Славење на Буч: Моќна фото-колекција на женската машкост

Славење на Буч: Моќна фото-колекција на женската машкост

Во свет во кој родот е исклучиво наметната бинарност на машко или женско, женската машкост предизвикува непријатност кај многу луѓе – кои потоа им создаваат непријатност, па дури и опасност на буч индивидуите за да бидат она што се.

И покрај малтретирањето и насилството кое го претрпува буч популацијата, бучот воспоставува гордост за поверодостојно да се опишат луѓето кои се идентификуваат и ја претставуваат женската машкост.

БУЧ е прекрасна, интерсекционална фото колекција која ги отвара очите, дело на Мег Ален, кое опфаќа десетици буч индивидуи кои ги претставуваат опсегот, флуидноста и субјективноста на женската машкост.

Како што опишува Мег Ален, “БУЧ е славење на оние кои избираат да постојат и да се идентификуваат надвор од оваа бинарност која никогаш нема дозволено ниту еден прифатен премин. БУЧ ги кани гледачите во приватните животи на женската машкост и предлага поголема издржливост во настојувањето на природата дека постои поголема длабочина во женскоста и машкоста од она што го налагаат општествените норми.

Кој ја одредува претставата за родот, и зошто? Модниот свет го поставува истото прашање со векови. Дали сега сме подготвени за одговорите? Неспорно е дека сме родени со половите органи со кои сме родени, но зошто сме толку загрозени од она кое другите го одбираат како претстава за сопствен род? Дали сме подготвени за овие објаснувања? Или сме повеќе исплашени од прашањето?”

Ве покануваме да ги земете во предвид овие прашања додека ги разгледувате овие неверојатни портрети на машкоданки, лезбачи, мажествени жени, женски сопрузи, бејби бучерки, млади пастуви, андрогиност и родов-квир.

За да погледнете повеќе фотографии од оваа неверојатна колекција, посетете го веб-сајтот на Мег Ален.

Извор

3y0b0414

3y0b1003

3y0b1360

3y0b1562

3y0b3622

3y0b5760

3y0b5973

3y0b6735

3y0b6748_no_sffd

3y0b6828

3y0b9858-2

judi_3y0b3294-2

keiko_023

penny_3y0b6387

stacey_61