ФИЛМ: КИКИ

ФИЛМ: КИКИ

Во Њу Јорк, ЛГБТК обоената младина се собира на Christopher Street Pier да ја увежбува перформативната уметничка форма, Ballroom, која се прослави во раните 90-ти со музичкото видео на Мадона “Vogue” и документарецот “Paris Is Burning.” 25 години откако беа поставени овие стандарди на културата, нова и сосема различна генерација на ЛГБТК младина формираше уметничко-активистичка субкултура, наречена Кики Сцена.

КИКИ следи седум ликови од Кики заедницата во текот на четири години, користејќи ги нивните подготовки и спектакуларни настапи на Кики баловите како рамка за нивната борба со бездомништвото, болеста и предрасудите, како и аспирациите за политичкото влијание и прифаќање на родовиот израз. Во КИКИ ги запознаваме Twiggy Pucci Garçon, основачот и патрон на Haus of Pucci, Chi Chi, Gia, Chris, Divo, Symba и Zariya. Секој од овие значајни млади луѓе има уникатна и моќна лична приказна која ја осветлува Кики сцената, но и квир животот на обоената ЛГБТК младина во САД како целина.

mv5bmjqwndi5mju4ov5bml5banbnxkftztgwmzy2mjy4nze-_v1_sx1500_cr0-0-1500-999_al_

Спектакуларните Кики балови, постојана компонента на Кики субкултурата, на изведувачите им нуди безбеден и охрабрувачки простор за претставување на различни облици на родово изразување, вклучувајќи и стилизирана женскост која доколку е изведена во заедниците во кои пораснале, може да предизвика исмевање и насилство. Членовите на Кики сцената варираат од млади тинејџери до луѓе во нивните 20-ти и многу од нив биле исфрлени од своите домови или се нашле на улица. Како обоени ЛГБТК луѓе, тие формираат малцинство во малцинство.Алармантни 50% од овие млади луѓе се ХИВ позитивни. Кики сцената била создадена во рамки на заедницата на обоени ЛГБТК луѓе како група на врсници која нуди алтернативни фамилијарни системи (“куќи”), подигнување на свеста и тестирања за ХИВ и перформанси насочени кон себеодржливост. Сцената еволуираше во значајна (и растечка) организација со управувачки правила, лидери и тимови, броејќи стотици членови во Њу Јорк и низ САД и Канада. Водена од ЛГБТК младина за ЛГБТК младината, црпи стратегии од движењата за граѓански права, геј права и црна моќ.

Во оваа филмска соработка помеѓу Кики патронот, Twiggy Pucci Garçon, и шведската режисерка Sara Jordenö, на гледачите им се нуди ексклузивен пристап во овој свет на високи влогови, каде силните Ballroom натпреварувачи се портата кон разговори околу движењата како Black Lives Matter и Trans Lives Matter. Оваа нова генерација на Ballroom младина го користи мотото, “Not About Us Without Us,” и KIKI беше создаден со поддршка и доверба од заедницата, со саундтрак од реномираниот Ballroom и  Voguing продуцентски колектив Qween Beat. Инсајдер-аутсајдер пристапот на Twiggy и Sara кон нивните приказни, дава нова свежина во претставувањето на маргинализираната заедница на која и се потребни видливост и вистинска политичка моќ.

Извор