Џеј Зи ја нарекува војната против дрогите ‘епски неуспех’

Џеј Зи ја нарекува војната против дрогите ‘епски неуспех’

Џеј Зи е нараторот на лекција по историја за војната против дрогите, водејќи не од декларацијата на администрацијата на Никсон од 1971 до денешен ден, кога марихуаната е легализирана во многу американски држави, но сиромашните Афро-Амерканци со кривични дела се блокирани од нејзината корист.

“Во денешно време апсиме луѓе повеќе од било која земја во светот,” вели Џеј Зи. “И покрај тоа што белите луѓе се оние кои во поголема мера користат и продаваат крек-кокаин, сепак црните луѓе се оние кои завршуваат во затвор… се уште, крек-кокаинот се смета за проблем на црните луѓе.

Видеото со продукција на Дрим Хемптон и визуелизации на Моли Кребапел, беше создадено за да се постави прашањето: Зошто белите мажи се богатат од истото нешто поради кое црните мажи и момчиња одат во затвор со децении?

1473948146-f917b1f1d8f52eea5e90c0b3d6c9ce07-600x337

“Кога војната против дрогите започна во 1971, нашите затвори броеја население од 200 000. Денес, над два милиони,” вели Хов (Џеј Зи), кој има минато како дилер во Бед Стуи.

“За дилерите на дрога не постои сочувствителен јазик, освен ако, секако, зборуваме за место како Колорадо, чија државна економија доживеа огромен пораст од официјалната индустрија за марихуана. Неколку држави на југот се уште им изрекуваат задолжителна казна на луѓе кои продаваат трева.

“Многу држави се уште непропорционално им изрекуваат казна на црни и латино луѓе за случаи со дрога. Бившите престапници не смеат да отвораат аптеки. На сиромашните луѓе кои продавале дрога за живот, сега им е забрането да имаат учество во една од најбрзорастечките економии.”

Најстрашно, тој завршува: “Стапката на употреба на дрога е подеднакво висока како и кога Никсон ја прогласи оваа т.н. војна во 1971, 45 години подоцна, време е одново да ги промислиме нашите начела и закони. Војната против дрогите е епски неуспех.”

Извор