23 Jan Случајот на сексуалните работници пред највисокиот суд во Канада
Адвокатите на федералната влада и групата на сексуални работници од Ванкувер следниот четврток ќе се најдат во највисокиот суд во Канада во обид да нарават уставна измена на законите за проституција на земјата.
Уште од 2007-та организацијата Downtown Eastside Sex Workers United Against Violence Society тврди дека законите за проституција на Канада го прекршуваат Чартерот на права и слободи.
Но, овие закони не се темата која ќе бида расправана во четврток. Наместо за нив, адвокатите ќе расправаат дали сексуалните работници имаат легално право да ги преиспитаат овие закони во Врховниот суд на Британска Колумбија.
Федералната влада на Канада првично се обиде да го исфрли случајот од судот. Владата тврди дека сексуалните работници не можат да се повикаат на Чартерот и да спроведат приспитување на законите, бидејќи овој случај не е квалификуван како случај од јавен интерес.
За да се квалификува за случај од јавен интерес пред судот, правниците мораат да покажат дека:
– Прашањето е сериозно.
– Не постои друг разумен начин за прашањето да се појави пред суд.
– Оние кои го започнуваат случајот мора да бидат засегнати од истиот.
Одлуката на Врховиод суд на Канада по ова прашање ќе биде соопштено дури по неколку месеци.
Се очекува подржувачите на сексуалните работници да протестираат пред Врховниот суд
на Канада во Отава идниот четврток.