13 Jan Следната недела Русија ќе одлучува дали да им забрани на геј мажите јавно да ја искажуваат сексуалната определба
Со предложениот закон исто така се забранува јавно изразување на нежност меѓу геј мажите, но не и меѓу лезбејките.
Државната дума на Русија следната недела на 19ти јануари ќе одлучува дали да им забрани на геј мажите јавно да ја искажуваат својата сексуална определба.
Двајца пратеници членови на Комунистичката партија, Иван Никитчук и Никола Арефјев, доставија предлог закон според кој лицата кои јавно ќе се определат како ЛГБТИ лица ќе добијат казна затвор од 15 дена.
Јавното искажување на нежност меѓу геј мажите ќе резултира со казна затвор и парична казна од 5.000 рубљи ($80.60)
Предложениот закон е насочен единствено кон геј мажите бидејќи според законодавците жените се многу „поразумни“ и знаат како „да се справат со чувствата“.
Законот има за цел да ги зацврсти „традиционалните ортодоксни вредности“.
„Имаме свое толкување на честа и свеста, а традицијата мора да се почитува. Отпадот што ни доаѓа од Запад е неприроден за Русија. Неконвенционалните сексуални желби единствено предизвикуваат гадење кај нормалните, умни, здрави луѓе“, изјавил Никитчук, како што пренесе Руската новинска агенција.
„Болно е што тие одвратни луѓе сметаат дека заслужуваат ист третман“.
Додека со пропагандниот закон се забранува и одржување на геј-прајд, предлогот исто така опфаќа и казна затвор од 15 дена за лице кое има намера да ги поддржи правата на сексуалните малцинства.
„Мислам дека законодавците нема да се осудат јавно да ја поддржат хомосексуалноста“ изјави Никитчук наведувајќи го примерот со пропагандниот закон изгласан во 2013 година со мнозинство гласови.
Никитчук и Арефјев изјавија дека има потреба од предлог законот затоа што сегашниот закон со кој се забранува промоција на не-традиционални врски не е доволно „ефективен“.
извор: Gay Star News