02 Jan Амазон продолжува да продава „хомофобичен“ календар во Велика Британија
Американски календар создаден од христијански цртач на стрипови кој содржи слики од стереотипизирани геј мажи се уште се наоѓа на продажба на онлајн сервисот Амазон во САД и Велика Британија, откако беше повлечен од продажба од страна на Барнс и Ноубл.
Календарот наречен„Јас не сум геј, јас сум женче“ дело на Џо Кинг: 12 месеци на сексуална конфузија“ содржи и шеги за СИДА-та и феминизираноста на геј мажите.
Амазон досега не беше во можност да одговори на барањата за информација на ПинкЊуз дали календарот ќе биде повлечен од продажба.
Еден од цртежите на Кинг го портретира Пол Ревер како јава коњ и извикува: „Содомитите доаѓаат! Содомитите доаѓаат!“.
Додека некои личности дебатираа дали цртежите преставуваат оригинална сатира која не е создадена некого да навреди, на својот Фејсбук профил Кинг објави навредувачки изјави за геј луѓето кои се жалат поради календарот, додавајќи дека ова не преставува првиот случај кога неговите дела биле забранети.
Дополнување: Откога е објавен овој текст на PinkNews.co.uk, Амазон во Белика Британија го повлече календарот од продажба.