20 Nov Реакција до медиуми: Абортус
Невладините организации ХОПС, Избор, ХЕРА, ЕГАЛ, МАССО, СТАР, ММНШ во рамки на Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствените права на маргинализираните заедници во Македонија најостро реагира и го осудува текстот на Митрополитот Брегалнички Г. Илиарион, објавен на 8-ми ноември, сабота, во дневниот весник Дневник.
Коалицијата гледа на гореспоменатиот текст како на ретрограден обид за порекнување на основните сексуални и репродуктивни права на жените, загарантирани не само со Уставот на Република Македонија, туку и со цела серија на мегународни документи, вклучително Универзалната декларација за човековите права и слободи (1948), Меѓународна конференција за популација и развој (1994) и Конвенција за елиминирање на сите форми на дискриминација против жената (1979) како универзално легитимни документ за промоција и заштита на човековите и репродуктивни права, слобода и достоинство и кои истовремено се ратификувани и од страна на Владата на Република Македонија…
Целосниот текст преземете го овде.