Дефиниции и Водечки принципи

Дефиниции и Водечки принципи

sexzdravjeДефиниции и Водечките принципи за успешни програми за интервенции во сексуално здравје

Сексуалноста е централен аспект од бидувањето човек за време на животниот век и ги вклучува полот, родовите идентитети и улоги, сексуалната ориентација, еротизмот, задоволството, интимноста и репродукцијата.

Сексуалноста се искусува и се изразува преку мисли, фантазии, желби, верувања,  ставови, вредности, поведенија, практики, улоги и врски. Иако сексуалноста може да ги вклучи сите овие димензии, сите од нив не секогаш ќе се искусуваат  или пак изразуваат. На сексуалноста влијае интеракцијата на биолошки, психолошки, општествени, економски, политички, културни, етички, правни, историски, религиозни и духовни фактори.  
      
Сексуалното здравје е состојбата на физичка, емотивна, ментална и општествена благосостојба во релација со сексуалноста; тоа не е единствено непостоење на болести и дисфункции. Сексуалното здравје бара позитивен приод исполнет со почитување на сексуалноста и сексуалните врски, како и можноста да се има безбедно сексуално искуство во кое може да се ужива, без било каква присила, дискриминација и насилство. За да може да се осигура и одржи сексуалното здравје мора да се почитуваат, заштитат и исполнат сексуалните права на сите лица.
      
Сексуалните права ги вклучуваат човековите права кои веќе се признаени од страна на националните закони, меѓународните документи за човековите права и другите заеднички изјави.

Овие права го вклучуваат правото на сите лица, без присила, дискриминација или насилство на:

• највисокиот стандард на сексуално здравје што може да се достигне, вклучувајќи го и пристапот до услугите за сексуално и репродуктивно здравје,
• да бараат, добијат и да дадат информации во врска со сексуалноста,
• образование за сексуалност,
• почит кон телесниот интегритет;
• избор на партнер;
• да одберат дали да бидат сексуално активни или не,
• консензуални сексуални врски,
• консензуален брак,
• да одлучат дали и кога ќе имаат деца и,
• да трагаат по задоволителен, безбеден сексуален живот исполнет со уживање.
Одговорното практикување на човековите права бара сите лице да ги почитуваат правата на другите.  

Основните принципи врз коишто се засновуваат визијата, мисијата и стратегиите на Коалицијата за промоција и заштита на сексуалните и здравствени права на маргинализираните заедници во Македонија се усогласени со водечките и интернационално прифатени принципи и пристап на Светската Здравствена Организација (WHO).

Тие се следниве:
Позитивен пристап кон сексуалноста – Користење на позитивен, афимартивен пристап кон сексуалноста, наместо пристап кој е заснован на страв, упатува и на задоволството и на безбедносните аспекти на сексуалноста и на сексуалното здравје и го признава фактот дека секое човечко суштество е сексуално суштество за време на својот животен циклус.  
Автономија и самоопределување – Жените и мажите мораат да го имаат правото и можноста да ги направат своите слободни и информирани избори во врска со сите аспекти на својот живот, вклучувајќи го и нивнот сексуален живот.  
Способност да се реагира и одговорливост кон променливите потреби – информациите за сексуалното здравје и услугите мора да кореспондираат со променливите потреби на жените и мажите во текот целиот нивни животен циклус
Сеопфатно разбирање за сексуалноста – Прашањата за сексуалноста се комплексни. Интервенциите мораат да се осврнат и да ги интегрират емотивните, психолошките и културните фактори при планирањето и испорачувањето на услуги.
Доверливост и приватност – Сексуалноста допира до интимните аспекти  на животите на луѓето. Индивидуите  имаат право да не бидат идентификувани или пак принудени да споделат информации како и правото информации за нив да не бидат откриени на некој друг  
Застапувањето на промоцијата на сексуалното здравје и благосостојба е од суштинско значење за да дојде до промена.   
Културна разноликост – Програмите мора да земат предвид кои културни практики, традиции, верувања и вредности се од полза да го промовираат сексуалното здравје. Факторите како сексуална ориентација, болест, културата, возраста или пак хендикеп мораат да се земат предвид при составувањето на програмските интервенции и услуги.  
Правичност – Програмите и услугите мораат да им излезат во пресрет на потребите кои се особени за секој пол, но не смеат да промовираат стереотипи или пак двојни стандарди за родот или сексуалноста. Бидејќи жените општо имаат помал пристап до информации, услуги и образование, програмите треба активно да се осврнат на родовата нерамнотежа преку интервенции кои ги охрабруваат жените себеси да се заштитат од сексуални болести.  
Осврнување кон насилството, сексуалното насилство и злоупотреба – Овие се често условите под кои луѓето особено жените ја доживуваат својата сексуалност или пак почетокот на својата сексуална активност.  
Услуги и програми кои не осудуваат – Лицата кои ги услугите и едукаторите мораат да ги почитуваат вредностите на другите и да се воздржуваат од осуда и да не ги наметнуваат своите погледи на другите.  
Достапните програми и услуги – Програмите и услугите мораат да бидат достапни, приуштливи, доверливи и со висок квалитет како и соодветни на културата и возраста.
Одговорност пред други и пред себе – Здравствениот систем мора да обезбеди да се имплементираат сексуалните програми и да се нудат услугите според горенаведените принципи.