13 Nov Формулар за документирање случаи
На овој линк можете да го најдете формуларот за документирање случаи на прекршување на правата на корисници на дроги, сексуални работници, лица кои живеат со ХИВ и ЛГБТИ. Можете да документирате доколку сте жртва или сведок во случај на прекршување на правата на сексуален/на работник/чка, корисник/чка на дроги, ЛГБТИ или лице кое живее со ХИВ.
Коалиција СЗПМЗ ќе ги користи податоците од документираниот случај во своите годишни извештаи, со заштита на идентитетот на жртвата, сведокот и/или лицето кое го документира случајот.
За секој документиран случај кој се однесува на прекршување на правата на некоја од горе-наведените заедници Коалиција СЗПМЗ ќе ви исплати хонорар од 1150 денари. По документирањето на случајот контактирајте не на 02 3214269 или на е-маил: dragana88dragana@gmail.com или boskovanat@yahoo.com