29 Apr Проекција на филмот XXY и дискусија
Европскиот парламент го прифати годишниот извештај за напредокот на Македонија во евроинтегративните процеси, барајќи од државата да ја забрани дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација.
Во јануари 2010-та, македонската влада ја отстрани сексуалната ориентација од листата на основи според кои треба граѓаните да бидат заштитени од дискриминација во новиот закон за антидискриминација. Членовите на Европскиот парламент протестираа, а Европската комисија ја потсети Македонија дека приемот во ЕУ е условен од вклучувањето на сексуалната ориентација во законот за антидискриминација.
Во резолуцијата која беше усвоена со големо мнозинство на членовите на Европскиот парламент, се изразува жалење дека во спротивност на европската легислатива, сексуалната ориентација е отстранета од законот како основа за дискриминација. Европскиот парламент повика на брзо услогласување на националните закони од ова поле со европските закони и зајакнување на механизмите за мониторинг, и потенцираше дека тоа е дел од условите за прием во ЕУ.
За жал, резолуцијата на европскиот парламент не препорача забрана на дискриминацијата по основа на родов индентитет.
Улирике Луначек, член на парламетот и копретседател на Меѓугрупата за ЛГБТ правата, реагираше: – Бев дел од сослушувањето за овој закон во Македонскиот парламент во фебруари минатата година и мојата порака останува иста – политиките кои се основаат на неинформираност и страв се погрешни и водат во погрешен правец. Законите за антидискриминација се стожер за еднаквоста во општествата, недискриминацијата е основно право во ЕУ. Македонија треба да престане со замижувањето пред малцинствата и треба да овозможи заштита на сите граѓани без исклучок.
Резолуција ги изрази грижите на полето на еднаквоста, вклучувајќи ја слабата Национална комисија за заштита од дискриминација и ниските ефективни права на жените во земјата.