Данокот, пензијата и миграцијата – најголеми проблеми на геј двојките во ЕУ

Данокот, пензијата и миграцијата – најголеми проблеми на геј двојките во ЕУ

На конференцијата која се одржа во Сразбур беа индетификувани потешкотиите на геј паровите при движењето низ Европа.

Разликите во тоа како земјите ги признаваат странските бракови и граѓански партнерства, на геј двојките им создава особени потешкотии за да се движат низ Европската Унија, беше кажано на Конференцијана за заемно признавање на истополовите партнерства во Европа.

Слободата на движење е заштитена во рамките на ЕУ и е поткрепена со директивата за правото на граѓаните на Унијата и нивните семејства слободно да се преселат во рамките на територијата на земјите членки.

Покрај проблемите за миграција, поголемиот трошок на живот за геј двојките во некои држави членки, вклучувајќи го наследството, пензиите и даноците се, исто така, бариера за слободното движење.

Кес Валдијк, професор по компаративно право на сексуалната ориентација од Холандија, ги презентираше овие теми како први резултати од истражувањето помеѓу правни експерти од триесет европски земји.

Како додаток, на конференцијата беше објавено дека доколку европски државјанин се пресели во земја каде што на истоловите двојки не им е дозволено да се венчаат или регистрираат како партнери, тоа ќе преставува потешкотија за нивниот истополов партнер, кој не е европски државјанин, да добие дозвола за престој.