21 Mar Поддршка на Иницијативата за референдум за спас на ГТЦ
Националната мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата јавно ја изразува својата поддршка на Иницијативата за референдум за изгледот на ГТЦ. Иако главната мисија на НМХТ е борбата против хомофобијата и трансфобијата, таа борба не е возможнa без истовремен развој на солидарност и поддршка на вакви демократски процеси и иницијативи.
Насилството во Република Македонија не се применува само кон ЛГБТИ заедницата. Насилството се применува како начин на дејствување, наместо законски утврдените процедури. Тоа се употребува за узурпирање и нагрдување на јавните простори, а најширока примена најде при изградбата на прескапиот проект „Скопје 2014“, спротивно на волјата на граѓан(к)ите.
Референдумот го гледаме како можност да учествуваме како граѓан(к)и, по долго време, во еден демократски и инклузивен процес, нашето мислење и нашиот глас да бидат земени предвид и конечно да искусиме дека сме фактор во одлучувањето за нашите животи и распределбата на средствата што се собрани од даноците што ги плаќаме.
Ги повикуваме советниците/чките во Општина Центар да ја прифатат Иницијативата за референдум и да им дозволат на граѓан(к)ите самостојно да одлучат за изгледот на ГТЦ.