Јапонците сакаат да ја искоренат дискриминацијата врз ЛГБТ луѓето

Јапонците сакаат да ја искоренат дискриминацијата врз ЛГБТ луѓето

 

Минатиот вторник јапонските парламентарци оформија комитет, составен од сите партии присутни во парламентот, кој до оддржувањето на Олимписките Игри во 2020 ќе треба да се справи со дискриминацијата врз геј луѓето.

 

Хиропи Хасе, член на Либерално-деморатската Партија и раководител на комитетот, рече да сака да избегне да се повторат бојкотите кои се случија за враме да одржувањето на Олимписките Игри во Сочи поради руските анти-геј закони.

 

„Заради тоа што Јапонија е домаќин на Олиписките Игри, не се сомневаме дека јапонското општество ќе биде преиспитувано за тоа како ги третира сексуалните малцинства“ – рече тој.

 

По протестите и бојкотите на цереномијата на отварање на Игрите во Сочи од страна на светските лидери, минатиот декември Меѓународниот Олиписки Игри ја додаде сексуалната ориентација во своите политики за антидискриминација.

 

Парламентариот комитет планира да изработи предлог-закон, да се состанува со членовите на ЛГБТ заедницата, како и да ги проучува законите за сексуална ориентација во другите земји.

 

Досега, триесет и осум пратеници се придружија на комитетот, вклучувајќи триенаест од владеачката Либерално-демократска партија и дванаесет од опзицијата.

 

Извор: Gay Star News