Поради законот за брак, словенечкиот парламент одржува вонредна седница

Поради законот за брак, словенечкиот парламент одржува вонредна седница

Денес во Словенија се одржува вонредна седница на парламентот на која треба да се одлучи дали ДС-РОМ ќе стави вето на предложениот амандман на законот за брак. Да потсетиме, минатата недела словенечките парламентарци со мнозинство гласови ги усвои измените и дополнувањата на законот за брак.

 

Словенечкиот пратеник Мирко Кожељ смета дека овие законски измени ќе резултираат со започнување на неуставниот процес за посвојување на деца.

 

Сè уште по пошта пристигнуваат потписите која ги прибира коалицијата „За отроке гре“ за барањето за преиспитување на овој закон. До утре треба да бидат предадени 2500 потписи во словенечкиот парламент, вели Метка Зевник од оваа коалиција.

 

И црвата во Словенија е исто така вклучена во процесот на прибирање на потписи.

 

Комисијата Правда и мир на Словенечката бискупска конференција веќе им ги испрати на општините деталните упати за тоа како ќе собираат потписи за референдум за нацрт-измените и дополнувањата на Законот за брак и родителските односи.

 

Свештеникот на Пекмурската црква Узнасенија ја пренесе пораката на бикупот Петар Штумпф со која верниците беа повикани да се потпишат на иницијативата за референдум по повод дефинирањето на бракот и семејството. По завршувањето на мисата верниците се потпишаа на иницијативата.

 

Извор: Crol