06 Mar (мк) Насилниот однос кон геј луѓето во Зимбабве ја поткопува борбата против ХИВ-от
Насилниот однос на владата на Зимбабве кон геј луѓето ја поткопува способноста на земјата да се справи со ХИВ-от, соопшти водечка геј организација.
Честерфилд Самба, директорот на Гејови и лезбејки на Зимбаве (ГАЛС), вели дека нетолеранциајта им штети на напорите за справување со здравствените проблеми во земјата.
Околу 15 проценти од популацијата на Зимбабве живее со ХИВ.
„Ние се обидуваме да направиме соодветна средина, но постојат големи предизвици во односот на политичките лидери“ – рече г-динот Самба.
Активистот побара Зимбабве да ги ревидира анти-геј законите.
Истополовиот секс помеѓу мажи е нелегален во Зимбабве. Уште од 1995, владата спороведуваше кампањи против гејовите и лезбејките.
Претседателот Роберт Мугабе е ревносен промотер на хомофобијата.
Во февруари 2012-та, тој во јавен говор порача геј луѓето „да се гонат во пеколот“.
Во говор одржан пред подржувалите на Зану ПФ партијата Мугабе исто така порача да им бидат исечени главите на геј луѓето и дека геј луѓето се полоши од „свињите, козите и птиците“.
Извор: Pink News