Бил Клинтон се извини на Мексико за штетите од војната против дрогите

Бил Клинтон се извини на Мексико за штетите од војната против дрогите

Минатата недела поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, се извини за штетите кои ги прежива Мексико како последица на војната против дрогите.

 

Обраќајќи се на публика составена од бизнис лидери, студенти и политичари, Клинтон рече: „Посакувам да не постои шверц на дрога во вашата земја, но тоа навистина не е ваша вина“.

 

Тој објасни дека таканаречениот „успех“ на војната против дрогите предводена од САД не ја елиминирала трговијата со дрога, туку ја оттурнала во Мексико и Централна Америка. „Се извинувам за тоа“ – рече Клинтон.

 

Но, тоа е само врвот од карпата на извинувања кои САД му ги должи на Мексико.

 

САД троши стотици милиони долари за воена помош и полициска опрема наменета за Мексико. Повеќето од овие пари се трошат на штетната војна против дроги. Од 2008-та до денес, владата на САД има потрошно близу три билиони долари на војната против дрогите во Мексико.

 

Резултатите на масовната војна против дрогите се катастрофални. Биле убиени повеќе од сто илјади луѓе, исчезнале над дваест и пет илајди лица, стотици илјади биле приморани да ги напуштат домовите, десетици илјади станале сираци, предизвикана е немерлива психолошка траума, бројни масовни гробници во Гереро, Тамаулипас, Чивава и други сојузни држави на Мексико, драматично зголемување на бројот на случаи на прекршувања на човековите права од страна на безбедносните сили на Мексико, вклучувајќи и илјадници документирани случаи на тортура, изчезнувања и егзекации без судска пресуда .

 

Извор: Drug policy