Индонезија: лажни статистики за да се оправда смртната казна

Индонезија: лажни статистики за да се оправда смртната казна

Тврдењето на индонезискиот претседател Јоко Видодо дека смртната казна е неопходна поради тоа што нацијата се соочува со национална катастрофа предизвикана од употребата на дрога е основано на проблематични статистики.

 

Видодо неодамна цитираше неверојатно бројки според кои 4.5 милиони Индонезијци требало да се рехабилитираат од употреба на дрога, како и дека во земјата дневно умираат по четириесет до педесет млади луѓе како последица на употреба на дрога.

 

Претседателот смета бескомпромисниот казнен пристап е неопходен за борба со итната состојба преставена преку овие бројки. Тој нареди егзекуција на шест шверцери на дрога кои беа изведени пред стрелачки одред минатиот месец. Тој исто така се обврза дека ќе ги одбие барањата за помилување на повеќе од шеесет луѓе кои се осудени на смртна казна за дела поврзани со дрога.

 

Видодо исто така ги игнорираше протестните ноти испратени од страна на организации кои се борат за човековите права како и барањата на австралиската влада чии граѓани Андру Чан и Мијаран Сукумарн се соочуваат со неодолежна егзекуција.

 

Но, обидот на администрацијата на Видодо да ја престави смртната казна за осудените лица за дела поврзани со дрога како политика која е основана на докази погрешен врз една основа: доказите.

 

Статистиките кои ги цитираше претстедателот и кои како папагали ги повторуваа другите државни службеници и медиуми се основаат на студии со сомнителни методи и лабави пресметки.

 

Советниците на владата ги одбрале статистиките кои им одговараат за да можат да трубат дека употребата на дрога претставува „национална катастрофа“ како и за да го оправдаат спроведувањето неефикасната но политички полуларна смртна казна.

 

Извор: Rappler