03 Feb Надлежните во Mакедонија не реагираат на постојаните напади на ЛГБТИ центарот за поддршка во Скопје
Обидите за претставување на заедничка Декларација за непостапувањето на властите во Македонија околу нападите врз ЛГБТИ Центарот и ЛГБТИ активисти, резултираа успешно со тоа што истата е напишана и предложена од страна на првата транс пратеничка во Парламентарното Собрание на Советот на Европа!
Упатуваме искрена и голема благодарност до Петра Де Сутер.
Оваа писмена изјава ги одразува ставовите исклучиво на оние кои ја потпишалеПрославата на двегодишнината од основањето на ЛГБТИ Центарот за поддршка во Скопје на 23 октомври 2014 г. била цел на напад од страна на триесет лица. Двајца од присутните биле нападнати, а многу други биле повредени од разлетаните стакла.
Ова бил шести по ред напад на ЛГБТИ Центарот и неговите активности во период од овие две години откако е основан. Надлежните досега спровеле истрага во само еден случај – кога се работело за напад кој бил дел од меѓуетнички немири од пошироки размери.
Освен тоа, Премиерот, Министерката за внатрешни работи и Министерот за правда не ги осудиле јавно нападите и распространетото хомофобично насилство во Република Македонија.
Ги повикуваме надлежните:
– Јавно да го осудат насилството;
– Да сторат сè што е во нивна моќ органите за спроведување на законот да реагираат брзо и ефективно при одделни инциденти;
– Да преземат дополнителни мерки за да почнат да решаваат проблеми како што се хомофобијата и трансфобијата во општеството, како и што е предвидено со Препораката од Комитетот на министри CM/Rec (2010) 5 – мерки за борба против дискриминација по основа на сексуална ориентација или родов идентитет.
Потпишани:
САТЕР Петра, Де, Белгија, ПЕС
АБЕРГ, Борјана, Шведска, ЕНПАДАМ Клод, Луксембург, ПЕС
АНДРЕОЛИ Париде, Сан Марино, ПЕС
БЛОНДИН Маривон, Франција, ПЕСКОРСИНИ Паоло, Италија, ПЕС
КРОЗБИ Дејвид, Обединето Кралство, ПЕС
ЏОВАЊОЛИ Џерардо, Сан Марино, ПЕС
ГУНАРСОН Јунас, Шведска, ПЕСХАИДЕР, Моника, Шведска, ПЕС
ЕТО-ГААШ Франсоа, Луксембург,
ЕНПЈОНСОН Ева-Лена, Шведска,
ПЕСЈОНСОН ФОРНАРВЕ Лота, Шведска,
ЕОЛЛЕБОРЊ Пјер-Ив, Франција,
ПЕСМАУ Филип, Белгија, ПЕС
МАИЈ Марит, Холандија, ПЕС
МЕКНАМАРА Мајкл, Ирска, ПЕС
МИЛ Алан, Обединето Кралство, ПЕС
МЕНДОНСА Ана Катарина, Португалија, ПЕС
МУЛИЌ Мелита, Хрватска, ПЕС
НИКОЛЕТИ Микеле, Италија, ПЕС
УЛСОН Карина, Шведска, ПЕС
РОСЕИРА Мариа де Белем, Португалија, ПЕС
ШЕМБРИ Дебора, Малта, ПЕС
СТРИК Тинека, Холандија, ПЕС
САТЕР Петра, Де, Белгија, ПЕС
Преземено од Lgbti.mk