03 Feb Дебата: Активизмот и маргинализираните заедници во Македонија
Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ организираат дебата на тема “Активизмот и маргинализираните заедници во Македонија”. На дебатата ќе се дискутира за активизмот на лицата кои употребуваат дроги и ЛГБТИ а некои од прашањата кои ќе се отворат се следниве:
Како се развиваше активизмот во Македонија?
Дали маргинализираните заедници се замолчени?
Кои се ограничувачките фактори за активизам на маргинализираните заедници ?
Иднината на активизмот на маргинализираните заедници
На дебатата ќе зборуваат:
Жарир Симрин, Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Влатко Деков, Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Ирена Цветковиќ, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
Славчо Димитров , Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
Модератор:
Ирена Цветковиќ, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
Дебатата ќе се одржи во Четврток, 05.02.2015 година, во 19:00 часот, во просториите на Автономен Културно Социјален Центар, на ул. „Борка Талески“ 26, 1000 Скопје