Загрозени се нашите животи, а не вашиот брак!

Загрозени се нашите животи, а не вашиот брак!

10942736_627815953991859_963057918573114909_nВчера со почеток од 10:00 часот, Националната Мрежа Против Хомофобија и Трансфобија (НМХТ) организираше протест пред просториите на Основното Јавно Обвинителство во Скопје.

 

Целта на протестот беше да се насочи вниманието на јавноста кон вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните/ките во Република Македонија, а тоа е нееднаквиот пристап кон правда, особено за луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет.

 

Додека на 20.01.2015, Собранието расправаше по пакетот уставни амандмани меѓу кои и исклучувачката дефиниција на бракот (амандман XXXIII), НМХТ посочува на реалните проблеми како насилството и дискриминацијата врз ЛГБТИ заедницата и уште повеќе молкот на институциите. Поминаа повеќе од две години од првиот напад на ЛГБТИ Центарот, а истрагата е сеуште во тек!

 

НМХТ отворено ја прашува Владата и Собранието: кој е тука под закана? Дали тоа е бракот како институција кој е загарантиран со закони и подзаконски акти или тоа се ЛГБТИ луѓето кои секојдневно живеат во постојан страв од насилство и во услови на неказнивост на насилниците? Дали бракот е тој кој е маргинализиран, кој како институција е заштитен не во еден, туку во два закони (Законот за семејство и Законот за спречување и заштита од дискриминација) или маргинализирани се ЛГБТИ луѓето кои практично не постојат пред законите?

 
Во своето Образложение, Владата на РМ како предлагач на Уставните измени ја објаснува потребата од Амандманот XXXIII преку тоа дека бракот како заедница е соочен со предизвиците на “современото време“ и со обидите за негово редефинирање, деинституционализација и негова постепена маргинализација. НМХТ прашува: врз основа на што Владата тврди дека бракот е загрозен?

 

Поминаа повеќе од две години од првиот напад на ЛГБТИ Цнетарот за поддршка, а сторителите уште не се најдени. Не се најдени ни сторителите на низата други напади на ЛГБТИ Центарот за поддршка и на активисти, ниту пак се најдени напаѓачите на кафе барот „Дамар“. За ниту еден од овие случаи, ниту пак за случаите на хомофобичен говор на омраза Јавното Обвинителство досега не презело соодветни мерки.

 

Маргинализацијата и деинституционализацијата на бракот е нереална, а насилството врз ЛГБТИ лицата е повеќе од реално!

 

Протестот бешесо траење од триесет минути, во текот на кои граѓаните ја пренесоа својата порака преку попречување на нормалното функционирање наинституцијата со недозволување влез во зградата на Обвинителството во текот на триесeт минутниот протест. Граѓаните кои сакаат да ја напуштат зградата не беаспречени во својата намера.По завршувањето на триесет минутниот протест, претставницина организациитедадоаизјава за медиумите, со штозаврши и протестот.

 

Во врска со одржувањето на денешниот протест, како и пренесувањето на порака преку истиот, Павле Богоевски од ЛГБТИ Центарот за поддршка истакна дека:
„Целта на овој протест денеска е да посочиме на потребата од обезбедување на ефикасен пристап до правда на сите граѓани на Република Македонија без оглед на нивните различности. Во вторникот Собранието почна да расправа во новиот пакет уставни измени помеѓу кои е и Амандманот XXXIII со кој се регулира бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена. Овој амандман само ги уцврствува веќе постоечките дискриминирачки закони во македонски правен систем.“
Богоевски, исто така, потсети на мислењето на Венецијанската комисија во врска со предложените уставни амандмани:
„Никаде не пишува дека подигнувањето на оваа заштита на уставно ниво е правно целосно непотребен чеко, како што рече Венецијанската комисија, ниту пак дека истополовите парови треба да се регулираат со посебни закони. Формулацијата на амандманот не само што не е во согласност со забелешките на Венецијанската комисија, туку само ги зацврстува веќе постоечките дискриминирачки закони, исклучувачки закони во македонскиот правен систем. Владата сака да воведе материја за која не е дискутирано и е правена според сопствените политики. Истите пратеници сега немаат против овој дискриминирачки закон.“

Погледнете ја галеријата овде .Фотографии на Ванчо Џамбаски