Подршка за Будапештанската декларација

Подршка за Будапештанската декларација

Во Јуни 2011, на иницијативa на HCLU од Унгарија, беше одржана средба на претставници од земјите од Централна и Југо Источна Европа на која се формираше регионалната Мрежа на земји со ниска ХИВ преваленца. Македонија имаше претставници од ХОПС, ХЕРА и Заедно сме посилни.

 

Заедички заклучок на претстваниците беше дека нашите влади и општото население сè уште не го сметаат ХИВ за голем проблем. Затоа што кај нас помалку луѓе живеат со ХИВ, и има помалку поддржувачи и обучени медицински лица, капацитетот за  одговор на ХИВ во нашите земји е ограничен. Со ваквото намалено општествено влијание,  ипотребата за реакција не е толку итна.

 

Сепак, ние се соочуваме со истите пречки и потешкотии како и луѓето во земјите со висока преваленца на ХИВ, вклучувајќи и прекршување на човекови права, проблеми со пристапот до терапија и психосоцијални тешкотии кои влијаат на сите аспекти на лицата засегнати од ХИВ.

 

Во насока на актуелизирање на состојбата и потребите на регионално ниво, делегатите изготвија и усвоија декларација, наречена Будапештанска ДекларацијаНа Централнаи Југоисточна Европа им треба повеќе позитивно внимание!

 

Ве моламe да одвоите време да ја прочитате и поддржите Декларацијата на:

 

http://nelp-hiv.org/budapest-declaration