Објавен јануарскиот број на С-ВОРК

Објавен јануарскиот број на С-ВОРК

СТАР-СТАР го објавил јануарскиот број на онлајн магазинот S-Work во кој ќе ги најдете следниве содржини:

 

Марш на црвените чадори во Скопје

 

СТАР-СТАР годинава по седми пат се приклучи кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници во пресрет на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, 17-ти декември. По тој повод сите заедно марширавме со една цел – да се запре тортурата која секојдневно ја трпат сексуалните работници како од институции така и од лоши клиенти и општата популација.

 

Главните ликови кој го предводеа маршот на црвените чадори

 

На 17-ти Декември по седми пат се одржа Маршот на црвените чадори во Скопје на кој учествуваа околу 100 сексуални

работници, нивни поддржувачи и активисти на човекови права.

 

 

Интервју со тајната девојка од Белград

 

За Рајко Поповиќ (28) запознавањето никогаш не било едноставна работа. Но, не и откако станала Рајка. Дамски потпрена на шанк, висока плавуша пие црвено вино. Носи тесни фармерки кои и ги истакнуваат нејзините високи нозе и кошула која и открива сончаната кожа. Кожа од која цел живот сакала да излезе.

 

Новиот број можете да го преземете овде.