13 Jan Во Јужна Африка работат над сто педесет илјади сексуални работници/чки
Јоханесбруг, Јужна Африка – Според прва студија од ваков вид која беше објавена минатиот понеделник, во Јужна Африка околу сто педесет и три илјади лица работат како сексуални работници/чки. Во моментот, владата на оваа земја спрема нов план за да ја декриминализира една од најстарите професии на светот. Порачана од страна на Јужноафриканскиот национален совет за СИДА, се смета дека оваа истражување е едно од најпрецизните истражувања досега.
Според истражувањето, од вкупниот број на сексуални работници/чки, осум илјади биле мажи.
Спроведена од страна на Групата за едукација и застапување на сексуалните работници, студијата исто така покажа дека околу четири проценти од сексуалните работници/чки се трансродови лица. Во Јужна Африка, секс се продавал на различни места, вклучувајќи и бордели, но и преку интернет секс сајтови.
Целта на истражувањето било да се помогне во креаирањето на првиот национален ХИВ план за сексуалните работници. Уште една цел била да се допринесе за легализирањето на една од најстарите професии во светот.
„Сексуалната работа е криминализирана, а тоа не прави уште повеќе ранливи“ – рече Коли Буталежи, националната координаторка на движењето на сексуалните работници Сисонке. „Полицајците не силуваат, а доколку сме уапсени, бараат сексуални услуги за да не ослободат“.
Но, полицијата не е нивна единствена закана, смета таа.
„Сум чула сексуални работнички како велат дека на некој згоден клиент му рекле дека не сакаат тој да носи кондом, но и дека клиените воопшто не сакаат да носат кондоми“ -вели таа.
Поради ранливоста на ова група на луѓе, ХИВ преваленцата кај сексуалните работници/чки во Јужна Африка изнесува шеесет проценти.
Опасноста за сексуалните работници е опасност и за цела Јужна Африка. Според едно медицинско истражување, шест проценти од новите ХИВ инфекции во Јужна Африка се во рамките на оваа професија.
Доколку Јужна Африка, ја декриминализра сексуалната работа, професијата ќе може да биде регулирана и ќе може да се создадат побезбедни работни услови.
Извор: IOL.