12 Jan Виетнам ги легализираше истополовите бракови
Ханој, Виатнам – По ревизијата на легислативата со која беше укината регулативата со која се забрануваше бракот помеѓу луѓето од ист пол и која стапи на сила по 1-ви јануари, истополовите бракови станаа легални во Виетнам. Но, иако истополвите двојки можат да стапуваат во брак, владата на Виетнам се уште не ги признава и не им обезбедува правна заштита при судски спорови.
Ревидираниот закон ја става оваа комунистичка земја на челото на азиските земји кои стануваат поприфатливи кон геј паровите. Потегот на националното собрание се очекува да привлече поголем број на ЛГБТ посетители и да ја зајакне турситичката индустрија во земјата која се проценува дека вреди девет биолиони долари, пренесе Блумберг.
„Ниту една друга земја во Југоисточна Азија не направила волку голем чекор во прифаќањето на истополовите бракови како што тоа го направи Виетнам“ – смета Фил Роберстсон, заменик диркторот за Азија на Хјуман Рајст Воч.
„Законодавците во Виетнам расправаат за признавањето на истополвите бракови, но сметаат дека земјата се уште не е подготвена за тоа“, вели Луонг Д’ Хај, правен советник во Инситутот за проучување на општеството, економијата и животната средина, витнамска група која се залага за правата на малцинствата во земјата.
„Тие семтаат дека на виетнамксото општество му треба уште време за да генерално ги прифати гејовите и лезбејките“, вели тој, додевајќи дека ревизијата на законот сигнализира дека до граѓаните дека „истополовите бракови не се штетни за општеството.
Виетнам, земја со деведесет милиони жители, во 2013-та ги укина казните за истополови венчавки.
Извор: LGBTQ Nation