Во Русија се влошува ситуацијата за ЛГБТ луѓето

Во Русија се влошува ситуацијата за ЛГБТ луѓето

Во една нова студија се вели дека рускиот контроверзен закон против „геј пропанганда“ стана дозвола за угнетување за руските хомофоби кои отсега таргетираат неаутирани геј лица.

 

Студијата беше презнетирана минатата недела во Москва од страна на Хјуман Рајтс Воч.

 

Во студијата биле истражени седумдесет и осум случаи на напади врз ЛГБТ луѓето во шестнаесет градови во Русија во период од 2012 до 2014. На листата на злоставувања се наоѓаат вербално злоставуање и повредување на правата како отпуштање поради сексуална ориентација, но физичкото насилство било доминатно.

 

Злоставувањата кои биле детално опишани во извештајот не претставувале само претепувања. Документираните случаи вклучуваат и напад на геј лице кое од страна на хомофобични напаѓачи било приморано да се содомизира себе си со шише, како и лезбејка на која и била одземена облеката и била оставна во шума откако ноките на нејзинита стапала биле откорнати со клешта.

 

Повеќето жртви изјавиле дека насилството се интензивирало откако законот против „геј пропаганда“ бил усвоен во 2013.

 

Формално законот е ограничен на малолетници и за виновен ќе биде прогласен оној кој ги информирал дека ЛГБТ врските имаат иста општетствна вредност како и традиционалните врски“.

 

Сепак хомофобите во Русија ова го разбраа како сигнал дека им е дозволено да спроведуваат кампањи на сеење омраза, изјавија претставници на Хјума Рајтс Воч на презентацијата на студијата во Москва.

 

„Притисокот врз ЛГБТ луѓето и врз оние кое се залагаат за заштита на нивните права се зголеми. Тоа е кампања на малтретирања и заплашувања“ – изјави главната истражувача Тања Купер.

 

„Пред усвојувањето на овој закон, хомофобите се фокусираа на јавни активисти кое организираат или присуствуваат на ЛГБТ фестивали и геј прајд собири“- изави Кениа Кириченко, од организацијата Vykhod која овозможува правна помош на ЛГБТ луѓето.

 

Но сега тие таргетираат луѓе кои го кријат својот сексуален индентитет, изави Кириченко за Московско Време.

 

Во истражувањето беше вклучен и случајот на отпушање на една учителка во училиште за деца со посебни потреби во Санкт Петерзбург кое се склучи годинава. Жената била сосила аутирана од страна на анти-геј активист и били отпуштена за „морално неподобност“ што е прв ваков случај во Русија.

 

Во меѓувреме властите се трудат од петни жили да го обезвреднат значењето на кој било случај на насилство врз ЛГБТ луѓето. Обвинителите и полицијата одбиваат да ги следат статистиките за хомофобични напади и да ги регистрираат како злосторства од омраза.

 

Извор: Q News