Тајван дебатира за предлогот за брачна еднаквост

Тајван дебатира за предлогот за брачна еднаквост

Тајван – Минатиот понеделник во законодавен комитет започна дебатата за предложениот адмандман на тајваскиот граѓански закон кој цели кон легализацијата на истополoвите бракови. Ова е прв случај во Источна Азија ваков вид на закон да биде разгледуван на парламентарно ниво.

 

Ченг Ли-чиун, еден од предлагачите на законот, рече дека законодавците имаат одговорност да ги променат дисркиминаторските закони, пренесува Централната тајванска новинска агенција.

 

„Никој не заслужува да биде изземен од правата да биде еднаков со другие само поради неговите или нејзините психолошки или биолошки разлики“- рече Ченг осврнувајќи се на постојниот систем во Тајван кој како и во многу други земји признава бракови само помеѓу маж и жена.

 

Според предложениот амандман, термините „маж и жена“, „споруг и сопруга“, „татко и мајка“ во граѓанскиот закон ќе бидат заменети родово неутрални термини како „двете страни“,„сопружници“ и „родители“. Во врска со легализирањето на истополвите бракови, според амандманот на венчаните истополови парови ќе биде дозволено да посвојуваат деца.

 

Минатата година мерката помина на првото читање и беше испратена до комитетот за да биде дискутирана. До минатиот понеделник таа беше држена во фиока поради противењето од страна на религиозни групи.

 

Мерката мора да помине три читања во законодавството пред да биде испратена на одобрување кај претседателот.

 

Извор: LGBTQ Nation