20 Dec Радио Слободна Европа: „Хомофобија поттикната од државната политика“
Во текстот на Фросина Димеска објавен на порталот на Радио Слободна Европа се вели дека луѓето со поинаква сексуална ориентација во Македонија се соочуваат со притисоци на нивните работни места, во училиштата, од страна на психилози и од вработени во центри за социјални работи.
Во такви околности ЛГБТ луѓето се обесхрабрени да покренат тужби за дискриминација затоа што хомофобијата е особно присутна во нашето општество која од 2008 веќе се манифестира и на насилен начин за што сведочат и последните неколку насилни напади врз ЛГБТ популцијата кои кулминираа со нападот врз кафулето Дамар на двогодишница од формирањето на ЛГБТИ центарот.
Во текстот е пренесува изјавата на Кочо Андоновски кој смета дека тоа претставува последица на „на политиките кои ги креираат и ги спроведуваат оние кои се во државните институции, сето тоа во спрега со медиумите кои се под директно уредништво на овие структури кои во моментот владеат во Македонија“.
Во текстот се вели дека е приметено зголемено користење на говор на омраза, осбено од страна на државни функционери, во кои се вбројува и Преимерот на Република Македонија, Никола Груевски.
„Самото употребување на терминот искривоколчени вредности можеби не е директен повик за насилство, не верувајте тоа и те како мотивира. Ако вашиот премиер ве смета вас за група којашто подрива општествен систем на оваа држава, очекувано е одредена група насилници да си го разберат тоа како давање зелено светло за справување со овие „непожелни“ елементи со цел да се „одбрани“ она што е свето во оваа земја“, вели Ирена Цветковиќ од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“
Целиот текст можете да го прочитате овде.