Нов извештај ја откри алармантната реалност на трансродовите луѓе

Нов извештај ја откри алармантната реалност на трансродовите луѓе

Минатата недела Агенцијата на основни права на ЕУ ја презентираше најголемата компаративна студија за искуствата на трансродовите луѓе во дваесет и осумте земји членки. Агенцијата смета дека резултатите се аларматни, но ги потенцираше правните рамки и добрите политики кои имале позитивно влијание врз животите на трансродовите луѓе.

 

Студијата ги разгледуваше резултатите на околу седум илјади трансродови лица кои учествувале во ЛГБТ анкетата на ЕУ.

 

Коментирајќи ги резлутатите, потпретседателката на ЛГБТИ интергрупата Сирпа Питикаинен, рече: „Се покажа дека повеќе од половина од испитаниците се почувстувале лично дискриминирани или малтретирани затоа што биле перцепирани како трансродови лица во годината пред спроведувањето на истражувањето. Ова е јасен знак дека Европската Комисија и земјите членки мораат да ја искоренат дискриминацијата и малтретирањето.

 

Претседателката на Интергрупата, Даниеле Виоти, додаде: „Трансродовите луѓе често се соочуваат со дискриминација при вработување (37%), на училиште (24%) и при барање здравствени услуги (22%). Потребно е да се осигураме дека во следните ревизии на законите за еднаквост или во новите закони за еднаков третман да биде вклучена и дискриминацијата врз онсова на родов идентитет“.

 

Во моментот, законот на ЕУ ги заштитува оние кои направиле или прават операција за промена на полот, но со законот не се опфатени оние кои не го направиле тоа или немаа волја да го направат тоа.

 

Потпреседателот на Интергрупата, Денис де Јонг, рече: „Еден од најшокантните резултати е нивото на насилство врз трасродовите луѓе: “Во годината пред спроведувањето на истражувањето, секое второ трансродово лице било напднато или му се заканувале со насилство. Скоро половина од нив (44 %) изјавиле дека се соочиле со повторено насилство или закани. Мораме да се осигураме дека ЕУ законот за насилство мотивирано од пристрасност ќе биде доработен за да ги вклучува сите форми на пристрасност вклучувајќи и трансфобичните злосторства“.

 

Во момнетот, Европската Унија предвидува повисоки казни само за расистички и ксенофобичен говор на омраза и насилства.

 

Извор: ЛГБТ-ЕП