Илјадници протестираа против геј правата во Гамбија

Илјадници протестираа против геј правата во Гамбија

Минатата недела илјадници Гамбијци протестираа во главниот град Банџул во знак на протест против повлекувањето на помошта на Европската Унија поради новиот анти-геј закон кој неодмана беше усвоен во земјата.

 

Претседателот Јаја Џеме им се приклучи на демонстрантите кои носеа плакати на кое беа напишани паролите како „Хомосексуалноста е нечовечка“, „Дури и кравите не го прават тоа“, „Хомосексуалноста е забранета во Исламот“.

 

Европската Унија повлече милиони евра странска помош откако минатиот септември оваа западно африканска земја усвои закон со кој хомосексуалноста се казнува со доживотна затворска казна.

 

Од страна на парламентарниот секретар на министерстовото за земја и регионална влада, Шаихоу Санјанг беше прочитана петиција против хомосексуалноста во името на учесниците на протестот.

 

„Како земја со религиозни луѓе кои живеат според диктатот на Алах како што тоа е заповедно во верските проповеди, приципот на секуларноста во никој случај не дозволува или прифаќа прицип на неморалност. Ваша екселеницијо, г-дин Претседател, нема да преговараме за нашата нетолеранција кон неприродните и одвратни недела на хомоселсуалноста и лезбејството и ставот на нашата влада. Се потпираме на верските, социјалните, моралните и етички учења кое се основани на високи морални основи и ја поддржуваме владината позиција за нулта толеранција кон хомосексуалноста и лезбјеството. Нема да име пресвртница и луѓето се спремни за одбрана на независноста на земјата“ – се вели во петицијата.

 

Повеќе од 95 насто од граѓаните на Гамбија се Муслимани.

 

Пред неколку месеци претседателот на државата познат по своите анти-геј ставови изјави: „Ќе се бориме против овие натрапници кои ги викаат хомосексуалци или гејеви на ист начин на кој се бориме против комарците кои пренесуваат маларија, па дури и поагресивно“.

 

Извор: Gay star news.