Њујорк: Трансродовите луѓе ќе можат да го променат документите без да направат хирушки зафат

Њујорк: Трансродовите луѓе ќе можат да го променат документите без да направат хирушки зафат

Советот на Њујорк Сити усвои закон со кој на трансродовите луѓе ќе им се дозволи да си ги прометат податоците на изводот од матичната книга на родените без да приложат доказ дека направиле хирушки зафат за промена на полот.

 

Отсега на транс луѓето ќе им биде потребна само препорака од лекар во која се вели дека податоците во нивните документи не се во согласност со нивниот родов индентиет. Со овој потег Њујорк Сите ја усогласи легислативата со онаа на државата Њујорк која беше усвоена минатиот јуни.

 

Законот беше усвоен со триесет и девет гласови „за“, четворица гласаа „против“, а три беа воздржани.

 

Раководителот на Комитетот за здравство при советот, Кори Џонсон, кој го предложи законот, рече: „Да се има ваков критичен документ кој коректно се рефлектира на родовиот идентитет е основно човеково право кое на голем број на трансродови луѓе им беше одрекувано веќе долго време. Овие мерки ќе ги трасформираат животите на трансродовите индивидуи на многу начини кое другите луѓе ги добиваат „здраво за готово“, како на пример пристапот до бенефиции и здравтвено осигурување, вработување и користењето на соодветни простории“.

 

Њујорк е една од само шестте држави, заедно с оДикстриктот Колумбија, кои дозволуваат промена на податоците без доказ за хурушки зафат.

 

Мајкл Силверман, извршниот директор на Фондот за правна помош и образование на трансродовите лица, рече: „Денешното усвојување драматични ќе ги подобри животите на трансродовите луѓе кои биле родени во Њујорк. Му се заблагодаруваме на советникот Кори Џонсон, на градскиот совет и на бордот за здравство што ги преземаа овие мерки“.

Извор: Pink news