Проверката на сексуалната ориентација на азилантите не треба да ги повредува нивните основни права

Проверката на сексуалната ориентација на азилантите не треба да ги повредува нивните основни права

Завчера Судот за правда на Европката Унија донесе одлука според која при проверка на сексуалната ориентација на барателите на азил ќе мора да се следат правилата назначени во Чартерот за основни права на ЕУ.

 

Случајот заврши во судот откако холандските власти одбија да дадат азил на тројица баратели кои бараа азил врз основа на страв од гонење во нивната земја поради нивната сексуална ориентација. Холандскиот државен да се одлучи за ограничувања според законите не ЕУ за верификација на сексуалната ориентација на апликантите.

 

Во својата пресуда Судот со седиште во Луксембург соопшти дека изјавата на апликантот е почетна точка на проверката која бара понатамошна проверка. Меѓутоа, во потврдувањето на сексуаланата ориентација на апликантот треба да бидат почитувани човековото достоинство и правото на приватност и семеен живот.

 

Тоа значи дека одбивањето да се одговори на прашања кои се поврзани со стереотипните ставови за хомосексулноста не претставуваат доволна причина за да кандидатот биде обдиен. Исто така прашањата поврзани со сексуалните навики на апликантот го прекршуваат правото на почитување на приватността и семејниот живот и не се во согласност со Чартерот. Понатаму, да им се наметне на азилантите да се „тестираат“ за да ја докажат својата сексуална ориентација ќе го повреди нивното достоинство и исто така не е во согласност со Чартерот.

 

На крајот, Судот донесе одлука дека доцното откривање на сексуалната ориентација на апликантот не треба да влијае на кредибилитетот на апликантот.

 

Извор: lgbt-ep