Минатата година биле убиени над двесте трансродови лица

Минатата година биле убиени над двесте трансродови лица

Проектот Transgender Europe’s Trans Murder Monitoring (ТММ) денеска објави дека минатата година биле убиени над двесте трансродови лица и дека стравува дека голем број од насилствата врз трасродивите лица не се пријавуваат.

 

Секој 20-ти ноември, денот кој претставува Меѓународниот трансродов ден на сеќавање, Transgender Europe објавува нови податоци од резулатите на мониторингот со цел да им помогне на активистите ширум светот во подигањето на свеста за злосторсвата мотивирани од омраза врз трансродовите луѓе.

 

Во овогодишниот извештај беше откриено дека во периодот помеѓу октомври 2013 и септември 2014 биле убиени двесте дваесет и шест трансродови лица. Убиствата се случиле во дваесет и осум земји, а мнозинството се случиле во Бразил (сто тринесет убиства), Мексико (триесет и едно убиство), Хондрас (дванаесет), САД (десет) и Вензуела (десет).

 

Во извештајот на Transgender Europe се вели дека иако најголемиот број на убиства се во Бразил и Мексико, другите резултати покажуваат загржувачки бројки кај помалубројни нации како Хондурас.

 

Меѓународниот трансродов ден на сеќавање е посветен сите луѓе кои ги загубија животите поради нивниот трансродов индентитет.

 

Настанот за прв пат беше одбележан во 1998, по убиството на Рита Хестер, трансродова афро-американска жена, кое се случи во Масачусетс.

 

Активистите продолжуваат да предупредуваат дека бројките на злосторства мотивирани од омраза врз трансродивите лица поретко се пријавуваат и дека не сите судови ги регистрираат како такви.

 

Извор: Pink News