17 Nov QUEER LISBOA на 13.CINEDAYS фестивал на европски филм
Оваа година, во соработка со ЕУ Инфо центарот во Скопје и благодарение на финансиската поддршка од Европската Унија, во рамките на 13 издание на фестивалот на европски филм CINEDAYS, свое претставување ќе има и фестивалот QUEER LISBOA, фестивал посветен на тематски квир филмови од Лисабон, Португалија.
Гости во рамките на програмата ќе бидат директорот на фестивалот, João Ferreira како и уметничкиот селектор на програмата на фестивалот, João Romãozinho кои на отворањето на програмата, 21 ноември, кратко ќе го престават фестивалот, можностите за соработка и нивните успеси, а по проекцијата ќе останат за краток разговор со присутната публика.
Последната проекција од оваа програма ќе се случи на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права.
Селекцијата на португалските квир филмови ќе бидат прикажани во ЕУ Инфо центарот во рамки на серијата настани “Културни приказни”, со бесплатни проекции, во следниот распоред:
21.11.2014, 20:00
E Agora? Lembra-me | What now? Remind me | Што сега? Потсети ме (Portugal, 2013, 164’, + 18)
27.11.2014, 20:00
New Short Queer Films (total length: 95’, + 18)
10.12.2014, 20:00 hrs
A Última Vez que vi Macau | The Last Time I Saw Macao | Последниот пат кога го видов Макао (Portugal, 2012, 82’, + 16)
Повеќе информации на:
www.cinedays.mk
http://queerlisboa.pt/en
http://www.euic.mk/pocetna.nspx
Огромна благодарност и на ЛГБТИ Центарот за поддршка и Националната мрежа против хомофобијата и трансфобијата за нивната поддршка во реализацијата на оваа програма.