Се оддржа шестиот Марш на толеранцијата

Се оддржа шестиот Марш на толеранцијата

Вчера со симболичен почеток во пет до дванаесет се оддржа шестиот Марш на толеранцијата организоран од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Цивил – Центар за слобода, поддржани од десетина здруженија на граѓани меѓу кои беше и Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“

 

„Македонија е земја која што треба да се гордее заради своите различности, која што има историја на толеранција. Денешниов ден маршираме да го изразиме својот револт заради тоа што се случува. Да потсетиме дека треба да владее љубов, а не омраза. Таа потсети дека изминатите години е зголемен бројот на кривичните дела од омраза. „Сведоци сме дека е зголемена омразата кон сите оние кои по своите карактеристики се различни од мнозинството население. Сведоци сме на тоа како се шири омразата преку социјалните медиуми и како е фокусирана кон сите оние групи кои не се по ќеиф на владејачката структура“ – изјави Уранија Пировска, претседателка на Хелсиншкиот комитет.

 

„Говорот на омразата е промовиран токму од највисоките институции од оваа земја и практикувањето на нетолеранција и дискриминација е присутно на сите нивоа, во сите институции и тоа е неприфатливо. Само со дебата, со разговор, можеме да научиме повеќе за другиот. Нема ништо убаво во тоа да се биде ист како другите, нема ништо убаво во тоа да се мразат различните. Сите различни, сите еднакви“ изјави Џабир Дерала од НВО „Цивил

Маршрутата на учесниците започна од Музеј на Град Скопје, продолжи по улицата Македонија. Преку улицата 11 Октомври стигна до Влада на РМ, по што продолжи преку мостот Гоце Делчев до платото пред Универзитетот на ЈИЕ кое беше последна локација во маршрутата.

 

„Говорот на омраза и делата сторени од омраза врз основа расна, верска, етничка, полова, родова и сексуална ориентација,цкако и институционализираната дискриминација врз основа на политичка припадност, кои се резултат на длабоко вкоренети предрасуди и омраза, неминовно продуцираат поделби и тензии во Република Македонија“ – изјави активистката Биљана Гинова.

 

Маршот секоја година се оддржува по повод Меѓународниот ден на толеранцијата, а годинава беше посветен на темелните вредности на демократските општество: правдата, слободата и еднаквоста.

 

Сликите од маршот можете да ги погледнете во нашата галерија.