13 Nov Итан Нејделман на TED Talk: Какви последици остави војната против дрогите?
Пред дваесет години Итан Нејделман ја напушти својата професорска позиција на Универзитетот Принстон за да се посвети на активизмот против војната против дрогите. Како основач и извршен директор на Алијансата за политики на дроги (ДПА), најголемата и највлијателна организација за промоција на политики на дроги кои се базираат на наука, сочувство, здравство и човекови права, Итановата визија и лидерство имаа монументално влијание врз јавното мислење и го промени текот на историјата.
Одвојте неколку минути за да ја гледате неодамна објавената презентација на Нејделман на TED Talk. Има добра причина за овациите кои Итан ги доби од публиката на крајот на презентацијата. Идеите кои тој ги презентира се провокативни, просветлувачки и стануваат се пошироко прифатени на начин на кој никој не можеше да замисли кога тој влезе во активистички води пред дваесет години.
Алијансата за политики на дроги ги реформираше државните и федералните закони за кривични дела поврзани со дрога, пристапот до стерилен прибор за да се намали ХИВ/СИДА-та, третманот на зависност, превенцијата на смртни случаи од предозирање и сите аспекти на политиките за марихуана. Лоби крилото на ДПА, Акција за политики на дроги одигра значителна улога во обезбедувањето на голем број на победи во реформите на политиките на дрога во последните избори, вклучувајќи ја и легализацијата на марихуаната во Орегон, Аљаска и Вашингтон Д.Ц., декриминализацијата на марихуаната во Ново Мексико, на медицинската марихуана во Гуам, и променета на кривичните закони во Њу Џерси и Калифорнија.
Итан е советник за политики на дроги на Џорџ Сорос и на други проминентни филантропи како и на голем број на градоначалници, гувернери и законодавци на државно и федерално ниво во САД, како и на претседатели на држави и министри надвор од САД. Тој и Алијансата за политики на дроги работеа заедно со Глобалната комисија за политики на дроги чии членови се глобални лидери како Сер Ричард Бренсон и Кофи Анан, со цел на кршење на табуата за јавната дискусија на непрохибициони политики на дроги.
Презентацијата може да ја гледати на следниoт линк