11 Nov Три норвешки организации бараат одговорност од македонските власти
Норвешкиот Хелсиншки комитет, ЛЛХ – норвешката организација ЛГБТ популацијата и Амнести Инернешенал ипратија писмо до Премиерот на Никола Груевски, а воедно и до Министерката за внатрешни работи и Јавниот Обвиниел, во кое бараа решавање на случајот на насилството врз ЛГБТИ луѓето во Македонија.
Во писмото, овие три огранизации бараат брзо решавање не само случајот во кој беа нападнати присутните на прославата на двегоднишнината на ЛГБТ центарот за поддршка кој се случи минатиот месец, туку и на претходните напади врз ЛГБТИ центарот. Тие исто така бараат отварање на истрага за случаите на говор на омраза кои што се појавија на социјални мрежи непосредно по нападот.
Како што велат во писмото:
„Ова е важна можност вашата земја да покаже посветеност на основните права и слободи за сите. Да се демонстрира посветеност кон човековите права и вредностите на Европската конвенција за човекови права, поточно членот 14 од Конвенцијата според кој дискриминацијата е забранета, претставува важен чекор за понатампшниот демократски развој на Македонија и нејзиниот пат кон европската интеграција.“
Тие потстетуваат дека ова е шести напад врз ЛГБТИ центарот и неговите активности во последните две години и дека ниту еден од нив не бил решен од страна на одговорните.
Во писмото организациите се осврнуваат и на уставните промени кои неодамна беа усвоени од владата во врска со регистираните партнерстава:
„Законите со кои ескплицтно се исклучуваат сексуалните и родовите малцинства од пристап до уставните и законски права кои ги уживаат другите граѓани може да ја зголеми стигмата, хомофобијата и трансфобијата и дискриминацијата која е јасно присутна во македонското општество. Реферирајќи на нападот во Дамар, ние со почит Ве потсетуваме на големите последици кои хомофобијата и трасфобијата ја имаат за оваа популација“.
Писмото во целост можете да го прочитате овде