29 Oct Амнести: „Властите треба да спроведат целосна истрага за нападот во Дамар“
Амнести интернешенал ги повика македонските власти да спроведат темелна, непристрасна и ефикасна истрага на минатонеделниот напад на забавата на ЛГБТИ Центарот за поддршка во кафе-барот Дамар.
Во писмото упатено до македонските власти се вели:
„На 23-ти октомври околу триесетина луѓе го опколија кафе-барот во кој шеесет членови на ЛГБТ Центарот за поддршка и Хелсиншкиот комитет за човекови права ја прославуваа втората годишнина од отварањето на центрот. Вооружени со стаклени шишиња и маскирани со калчунки, напаѓачите го каменувале кафе-барот и веднаш заминале.
Две лица кои столе надвор од кафе барот биле нападнати со шишиња и се здобиле со повреди на на главата и телото. Напаѓачите им извикувале на присутните дека „педерите не се добродојдени“. Неколку луѓе кои биле во барот се здобиле со посекотини од скршеното стакло.
Ова е шести напдат врз ЛГБТ Центарот за поддршка откога тој беше отворен во октомври 2012. Просторот на центарот беше каменуван и преживеа обид за палење. Пет од нападите се без разврска. Полицијата спроведе истрага за само еден напад кој се случи во март 2013 за време на мултиетнички протест.
Амнести Интернешнал ја повикува полицијата и Јавниот обвинител да извршат итна, непристрасна и ефикасна истрага на нападот. Истрагата треба да ги октрие хомофобичните и трансфобичните мотиви кои се поврзани со нападот.
Организацијата жали што Министерството за внатрешни работи во својот извештај за јавноста не успеа да ја препознае организираната основа и дискриминаторските мотиви на нападот на прославата на ЛГБТИ Центарот, сметајќи го инцидентот за насилство сторено од непознати чинители. Амнести бара овој случај да се истражува како злосторство мотивирано од омраза. Полицијата и обвинителството треба да ги истражат сомнежите дека нападот бил мотивирен од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет. Доколку таквите мотиви бидат индетификувани, судството треба да го земе предвид Членот 39 (5) со кој се предвидува дискртиминаторскиот мотив да биде рефлектиран во пресудата во таквиот вид на случаи.
Организацијата исто така повикува властите да ги истражат вербалните закани кои се појавија на социјалните медиуми, а кои беа упатени кон ЛГБТИ центарот“.
Извор: Амнести Интернешнал