28 Oct Скопска игротека не прима поддржувачи на ЛГБТ заедницата на гости
Една скопска игротека на Фејсбук си навлече гнев од граѓаните, откако во статус на социјалната мрежа, ја нарече ЛГБТ заедницата „лева“ и ги обвини хомосексуалците дека не дозволуваат децата да израснат во „нормални услови“ и како „нормални граѓани“. Згора на тоа, во нивната преписка со други Фејсбук корисници, иницирана по инцидентот во кафулето „Дамар“ каде минатата недела група хулигани изврши упад додека се одбележуваше годишнината од ЛГБТ центарот, повикаа поддржувачите на ЛГБТИ заедницата да не им бидат гости во игротеката. Се вели во текстот на Мирослава Бурнс објавн на ПлусИнфо.
Во продолжението на текстот се вели:
„Затоа јавно им порачуваме на сите што не навредија и наводно нема да станат наши гости, воопшто да не пробуваат да се дел од нашите забави. Ние работиме со деца и за деца и природно сакаме да има што повеќе поколенија израснати во нормални услови како нормални граѓани. Луѓето од таа популација не го овозможуваат тоа. Ние не оправдуваме насилство, ама не и прослави, паради и јавни плачки. Секој по дома што сака да прави. Затоа вистински луѓе, родители кои се сложувате со нас со чест ве очекуваме да сте дел од нашата игротека, а вие модерни мајки и татковци, не е тренд да поддржувате изопачени здруженија. Глумите проевропски, ама да ви дојде маката дома ќе бидете прави Балканци. Затоа не се заканувајте, славете кај Европјаните, ниe сме уште по тоа прашање Балканци, ама без насилство“ – пишува во статусот кој се споделува на социјалната мрежа а потпишан од игротеката.
Ваквата преписка брзо е отстранета од нивната фан страница, но корисниците на социјалните мрежи направиле фотографија од неа. Во дел од коментарите потпишани со името на игротеката, администраторот дава и препораки за ЛГБТ заедницата:
„Затоа не славете ништо, седете си по дома, сакајте се по дома, парадирајте по дома. И после се, дома си е дома кога различен си надвор. Не оправдувам насилство, ама не и јавно прикажување на своите маани“ – пишува во статусот.
Дел од родителите се шокирани од ваквиот став на установата која приредува приватни прослави за различни прилики за најмладите.
Прочитајте го целиот текст овде.