28 Oct Уникатна проектна иницијатива на сексуалните работници од Македонија
Веруваме дека мобилизацијата и интеграцијата на машки и трансродни сексуални работници во активности кои подразбираат подобрување на сексуалното и репродуктивно здравје, имаат значајна улога во подобрување на секундарната здравствена грижа. Сексуалните работници се едни од најдобрите пиер едукатори кои освен што водат грижа за своето здравје, се грижат и за здравјето на своите клиенти исто така.
Мобилизација и Интеграција на сексуалните работници кон подобрување на секундарниот здравствен систем е уникатна проектна иницијатива на сексуалните работници од Македонија, која во целост е поддржана од страна на Фондацијата The Foundation for AIDS Research и истата имплементира активности насочени кон машки и трансродни сексуални работници и нивни клиенти од Македонска, Албанска и Ромска популација.
Машките и трансродни сексуални работници се особено ранливи кон неадекватниот третман и дискриминацијата која се базира не само на нивната инволвираност во сексуалната работа, туку и врз основа на етничка припадност, родова или сексуална ориентација, и сето тоа заради присуствотото на хомофобијата во сеуште конзервативното Македонско општество кое се рефлектира со недостаток на специфични недискриминаторски закони или регулативи кои би ги штителе овие ранливи популации.
Извор: STAR-STAR