Руски пар пропатува четири илјади миљи за да се венча

Руски пар пропатува четири илјади миљи за да се венча

Руски геј пар пројде четири илјади миљи за да може законски да се венча. Мината сабота Андреј Насонов и неговиот сопруг Игор се вечнаа во Вашингтон, Дистриктот Колумбија.

 

Двајцата се бегалци кои пребегна од Русија во САД стравувајќи од прогон. Тие изјавија дека сонот да бидат признаени како венчан пар конечно им се остарил.

 

„Се сретнавме пред скоро четири и пол години и веднаш се заљубивме“ – вели Насонов.

 

„Оттогаш не само што сонувавме да живееме заедно, туку сонувавме и да станеме вистинско семејство. Денеска тоа стана наша реалност. Денеска можеме слободно да кажеме дека сме семејство.“ – вели активистот.

 

Насонов се заблагодари на сите луѓе од САД кои му помогнале, особено на оние кое секојдневно се бореле за нивното право да бидат среќни“.

 

Насонов и неговиот парнер живееле рускиот Воронеж, во југозападниот дел од земјата. Како активист тој ја покренал кампањата за укинување на законот за „геј пропаганда“. Поради тоа, тој бил мета на насилници и неколку пати добил закани по неговиот живот.

 

За време на протест против хомофобијата, тој бил удиран со снежни топки и бил тешко претепан. По настанот Насонов бил пренесен во болница каде што провел неколку денови во опоравување.

 

По настаните, парот одлучил да замине на место во кое се негува слободата, толеранцијата и еднаквоста. Пристигнувајќи минатиот јули тие добиле азил и им било доволено да живеат среќно и слободно.

 

Извор: Gay star news