Уапсени три лица по хомофобичниот напад во Белград

Уапсени три лица по хомофобичниот напад во Белград

Три лица се уапсени за учество во неодамнешниот напад врз активист за геј права во Белград. Нападот беше снимен од безбедносните камери.

 

Минатата сабота дваесет и шест годишниот Германец, кој засега е познат по иницијалите Д.Х., беше удрен по главата со пепелник откако учествувал на конференција за ЛГБТ права организирана од страна на лезбејската група Лабрис од Белград.

 

За време на насилството, напаѓачите викале: „Не сакаме странци во Белград!“

 

За весникот Блиц кој ја објави снимката од безбедносната камера, надлежните во Србија потврдија дека биле приведени три лица. Поради сериозно внатрешно крварење, на жртвата и’ беше направена хирушка интервенција.

 

Германскиот амбасадор во Србија, Хејнц Герог Вилхем, рече: „Тој е буден, и тоа е добро, но сè уште е рано да се каже било што. Лекарите ни рекоа дека во првите два часа не може да се каже многу за состојбата, но тој е буден и тоа е позитивно. Доколку е точно дека напаѓачот рекол дека не сака странци во Србија, тоа му дава нова ксенофобична димензија на целиот инцидент“.

 

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, рече: „Наредив интензивна истрага за што поскоро напаѓачите да бидат доведени до правда“.

 

ЛГБТИ активистите планираат оддржување на парада на гордоста која треба да се оддржи за две недели за прв пат по 2010.

 

Извор: Gay Star News