Папауа Нова Гвинеја: Министерот за здравство се обрза да ги реформира законите за сексуална работа и истополови партнерства

Папауа Нова Гвинеја: Министерот за здравство се обрза да ги реформира законите за сексуална работа и истополови партнерства

Сексуалните работници/чки во Папауа Нова Гвинеја се надеваат дека по Меѓународната конференција за СИДА, која се оддржа минатиот јули во Мелбурн, Австралија, минситерот за здравство на оваа земја, Мајкл Малаба, ќе го исполни своето ветувавање да предложи закон за декриминализација на сексуалната работа и истополовите врски.

 

За време на конференцијата, г-динот Малаба рекол дека е свесен дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува клучна рефрома во борбата против ХИВ/СИДА-та и дека се обрзува да ги промени законите кои потекнуваат од колонијалната ера со кои се криминализираат и сексуалната работа и истополовите врски.

 

Малаба исто така изјавил дека е свесен за стигмата поврзана со сексуалната работа и сексуалната разноврсност во прилично религиозната земја во која доминира хрситијанско мнозинство иза ризикот од недостатокот на пристап до едукација, поддршка и третман на ХИВ-от. Тој изјавил: „Мораме да ја отстраниме стигмата. Сите сме еднакви.“

 

Ветувањето на Малаба дека ќе се заложи за реформи на законите за сексуалната работа и истополовите врски следи по повикот на пратеникот Малакаи Табар за признавање на правата на луѓето со различна сексуална ориентација и секуалните работници/чки.

 

Минатиот април Табар ја соопшти својата намера да поднесе документ до владата на Папуа Нова Гвинеја со кој бара признавање на правата на сексуалните работници/чки и лицата со поинаква сексуална ориентација.

 

 

Во дебатите кои следеа, Табар рекол дека претходните предлог-закони за истополов брак и сексуална работа биле одбиени од страна на владата и Националнит извршен совет.

 

Извор: NSWP