21 Aug Индија: Непријавени половина од случаите на насилство врз сексуални работнички
Хидерабад: Според истражувањето спрoведено од страна на Советот за популација, невладина организација со седиште во Њујорк, повеќе од педесет насто од сексуалните работници во Андра Прадеш не ги пријавиле случаите на насилство кое било извршено врз нив.
Студијата беше спроведена во текот на 2010 и 2011 во четири индиски сојузни држави: Обединета Аднра Прадеш, Карнатака, Тами Наду и Махараштра. Според истражувањето, Тамил Наду се наоѓа на врвот на листата со шеесет и седум насто на непријавени случаи на наслиство врз сексуални работнички, по што следи Карнатака со педесет и четири и Махараштра со педесет и два насто.
„Спорведовме истражување во кое учествуваа над две илјади сексуални работнички и дознавме дека илјада и сто од нив молчеле за насилстово со кое се справувале“ – изјави програмскиот соработник на Советот за популација, Нандиш Сагурти, и додаде дека сексуалните работнички не ги доживуваат злоставувањата кое се вршат врз нив како насилство.
Цитирајќи пример, Сагурти рече:„Насилствата врз нив не се сфатени сериозно од страна на полицијата која смета дека самите сексуални работнички го создаваат проблемот“.
Истражувањето покажа дека непријавувањето на насилставата е една од клучните пречки во борбата против СИДА-та.
Основачот на Прајвала, невладина организација која се бори против трговијата со луѓе, Суните Кришнан ја осуди употребата на зборот „сексуална работничка“ затоа што смета дека ниту една жена не велегува во оваа професија по свој избор.
„Правниот термин е жртва на комерцијална сексуална ескплотација“ – рече таа.
Опишувајѓи ги детално насилствата и зошто тие не се спремни да зборуваат отворено за нив, таа рече: „Околку шест до седум лица се финасиски зависни од неа. Затоа станува прилично тешко да зборува отворено за нејзините проблеми“.
Извор: New Indian Express