15 Aug Петиција против шведскиот модел на регулација на сексуалната работа
Oрганизацијата Роуз Алајанс покрена петиција со која бара да биде признаена штетата која шведскиот модел им ја прави на сексуалните работници/чки поради криминализацијата на купувањето секс.
Во текстот на петицијата се вели:
„Ние долупотпишаните би сакале најстрого да ја критикуваме евалуацијата на норшвешката криминализација на купувањето секс која беше објавена овој месец. Извештајот е целосно неконзистентен и збунувачки и ги занемарува деструктивните ефкети на ваквите закони. Во извештајот се тврди дека законот бил успешен во намалувањето на нивото на сексуалната работа. Меѓутоа, единственото ниво кое е видливо е нивото на уличната сексуална работа. Повеќето сексуални работници/чки во Норвешка не работат на улица, и нивото на ваквата сексуална работа не може прецизно да се процени (а извештајот го занемарува овој факт). Затоа не може да се тврди дека целокупното ниво на сексуалната работа во оваа земја е намалено. Ние забележавме загржувачка сличност со евалуацијата од 2010 на криминализацијата на купувањето секс во Шведска во која се вели дека законот успешно го намалил нивото на сексуалната работа нудејќи докази за намалување на нивото на уличната сексуална работа.
Во извештајот исто така се наведува дека се влошиле и економските услови во кои функционира сексуалната работа по усвојувањето на законот. Ова само придонесува кон поголема штата и опасност за сексуалните работници, и тврдењето дека го намалува нивото на сексуална работа е погрешно со оглед на тоа што целосните нивоа не можат да бидат пресметани. Во извештајот се споменува дека условите во кои работат сексуалните работници/чки станале поопасни, поради пократикте преговори со клиентите кои се под притисок, но и недостатокот на волја да се пријават насилните клинети во полиција. Иако извештајот наведува дека не постојат индикатори дека насилството се зголемило, тоа е исто така погрешно, затоа што во извештајот се вели дека сексуалните работници/чки не пријавуваат насилства во полиција токму поради законот.
Затоа што законот ја направи сексуалната работа поопасна професија и ги направи сексуалните работници поранливи, извештајот би бил добар доколку ги потенцираше колку се загрижувачки овие нусефекти предизвикани од законот. Во извештјот се вели дека и сексуалните работници/чки и овозможувачите на сервиси пријавиле зголемено насилство од страна на полицијата, вклучуваќи употреба на кондоми како доказ за проституција и обвинувањата дека сексуалните рабоници/чки го охрабруваат криминалното однесување. Одбивањето да се носат кондоми резултирало со потецијално влошување на здравјето на сексуалните работници/чки, но сепак не постои загрженост во врска со штетните пракси на полицијата. Повторно постои сличност со евалуацијата на шведскиот модел во кој се вели дека поради законот, сексуалните работници/чки се соочуваат со штети, опасност и стигма, но се сугерира дека тоа треба да се смета како позитивен резлутат на напорите да се намали нивото на сексуалната работа.
Во кратки црти, не може да се тврди дека законот придонел за намалување на нивоата на сексуаланта работа. Како и кај шведксиот модел, законот ја направи сексуалната работа поопасна. Извештајот ги занемарува шететите предизвикани од законот затоа што ги претставува резулататите на начин на кој се сугерира дека законот бил успешен, а случајот не е таков.
Бараме од шведската и норвешката влада да се фокусираат на благосостојбата, здравјето и безбедноста на сексуалните работници. Бараме да се признае дека криминализацијата на купувањето секс, односно таканаречениот шведскки модел
е штетен за сексуалните рабоници/чки особено за оние кои се маргинализирани и стигматизирани.
Потпишете ја петицијата овде.