Славчо Димитров: Владата ја регулира интимноста на граѓаните

Славчо Димитров: Владата ја регулира интимноста на граѓаните

Во прилог на телевизијата 24 вести, извршниот директор на Коалцијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Славчо Димитров, ги соопшти ставовите зад кои стои нашата организација во врска со уставните измени предложени од Владата, со кои и вонбрачната заедница, исто како и бракот, ќе се дефинираат во Уставот како заедница меѓу еден маж и една жена.

 

Во прилогот се вели дека Коалицијата “остро се спротиставува на уставните измени предложени од Владата, со кои и вонбрачната заедница, исто како и бракот, ќе се дефинираат во Уставот како заедница меѓу еден маж и една жена. Според нив, овие измени се недемократски, кои само ќе ја зацврстат хомофобијата и насилството во земјава“.

 

Во изјавата, Димитров рече: „Постојаните тврдења на хомофобичната вмровска структура дека сексот и интимноста е предмет на приватно регулирање и нешето што треба да остане во четири ѕида и приватната сфера. Овој чин што сега го прават најјасно соголува кое е лицемерието позади таквиот аргумент бидејќи во моментот човековата интимност во оваа земја, во оваа политичка заедница, се регулира со најтемелиот, најосновниот политички документ, а тоа е уставот“.

 

Во прилогот се наведува и коментарот на универзитетската професорка Мирјана Најчевска која смета дека доколку за вонбрачните партнери нема никакви социјални, здравствени, пензиски бенефиции туку само забрана од домашно насилство, тогаш „ако јас можам да си склучам со кого сакам договор за доживотна издршка, ако си уплаќам во третиот столб на пензиско со слободно определување кој може да бенифицира од него, тогаш кој може да ми забрани со кого сакам по дома да си живеам?“.

 

Гледајте го целиот прилог на следниот линк.