29 Jul Европратеници бараат Европската Комисија да реагира по влошувањето на ситуацијата на ЛГБТ луѓето во Русија
Мината недела шест членови на Европскиот Парламент испратија прашање во пишана форма до Европската Комисија во кое бараат да се одговори како ќе се притисне Русија да ги почитува правата на ЛГБТ луѓето и другите малцинства во земјата.
Реакцијата на европратениците се појави откако судот во Санкт Петерзбург ја прогласи руската ЛГБТ организација „Каминг аут“ за „странски агент“ со што организацијата ќе стане субјект на засилена владина контрола и ќе бидат преземени одредени марки за да се ограничи нејзината работа.
Во испратеното прашање се вели:
„Иако сме свесни дека постојат зголемени политички и безбедносни тензии помеѓу Русија и ЕУ, почитувањето на човековите права не смее да биде занемарено.
Длабоко сме загрижени поради фактот што руските власти неодамна уште повеќе ја ограничија слободата на изразувањето, собирањето и здружувањето преку заострувањето на федералниот закон за невладини организации и т.н. закон за „странски агенти“, едниот усвоен минатиот февруари, а другиот минатиот јуни.
Во меѓувреме, „анти-пропаганда“ законот е сè уште во сила и законот со кој ќе се укинат родителските права на истополовите парови беше повлечен на ревизија минатиот октомври, но би можело повторно да биде ставен на дневен ред.
На кој начин беше дискутирано за правата на ЛГБТ луѓето на ЕУ-Русија самитот кој се одржа минатиот јануари?
Сега кога преговорите за укинување на визите за руските граѓани се стопирани како реакција на настаните во Украина, и се размислува за понатамошни санкции по соборувањето на летот МХ17 на Малезија Еирлајнс, како комисијата ќе се притиска Русија да ги укине дискриминаторските закони и да го спречи идниот негативен развој на настаните? “
Извор: lgbt-ep